Во Велика Британија од денес во аптеките се продаваат еден вид вакцини за слабеење, за кои неа да треба рецепт, а функционираат така што го потиснуваат апетитот на корисниците и ветуваат дека за три месеци корисниците ќе изгубат 5% од телесната тежина.
Инјекциите кои ги одобри Британската здравствена служба NHS се викаат Liraglutide, ги прави компанијата Saxenda и сега се достапни за купување во аптеките Boots and Lloyds ширум Британија, без рецепт од доктор.
Тие што се заинтересирани за примање дози ќе мора да се пријават за брза онлајн консултација. Инјекцијата се однесува како хормонот GLP1, кој нашето тело го ослободува која се чувствуваме сити после јадење.
Од компанијата која го создаде лекот велат дека резултатите кај луѓето кои се борат со прекумерна тежина ќе бидат премногу добри за да бидат вистинити затоа што инјекциите го сузбиваат апетитот и ги поттикнуваат да внесуваат многу помалку калории во текот на денот.
Здравствените експерти нагласуваат дека инјекциите не се чудотворен лек за слабеење и дека мора да се комбинираат со посебенплан за исхрана со низок процент масти и со умерено вежбање за да се изгуби тежината.
Луѓето на кои ќе им се одобри употребата се очекува да изгубат околу 5% од својата тежина во само првите три месеци. На веб-страницата на NHS се сугерира дека Liraglutide е соодветен за возрасни помлади од 75 години и дека треба да го избегнуваат бремени жени и доилки, како и луѓе со проблеми со црниот дроб или бубрезите.
„Liraglutidе е лек за слабеење кој делува така што прави да се чувствувате сити и што поретко гладни. Се зема како инјекција еднаш дневно. Вашиот лекар или медицинска сестра ќе би покажат како да го земате“ се вели на страницата на Saxenda.
(Klix.ba)
(фото: Flickr)