Samsung го укинува брендот Galaxy Note

- Advertisement -

Samsung официјално го укинува брендот на телефони Galaxy Note, потврди директорот на Одделот за паметни телефони во Samsung. Samsung нема претставено нов Note уред уште од 2020 година. Сепак, изгледа дека Note ќе продолжи да живее во друг облик. Имено, годинашниот Galaxy S22 Ultra има се што треба да поседува Note – голем екран, сличен дизајн и познатото пенкало S.

Првиот Note беше претставен во октомври 2011 година.Во тоа време телефонот го имаше најголемиот екран на пазарот, кој имаше дијагонала од само 5,3 инчи. Меѓутоа, како што поминуваше времето големите екрани станаа дел од сите паметни телефони и еден вид индустриски стандард.

- Advertisement -

Galaxy Note беше многу битен за популаризацијата на паметните телефони. Меѓутоа, таа линија имаше и големи проблеми, како што беше случајот со експлозиите на батериите на моделот Galaxy Note 7, кој двапати мораше да се повлече од продажба.

Крајот на брендот Note е крај на една ера, иако ударот од тоа ќе биде ублажен со фактот дека Galaxy Note продолжува да живее преку серијата Galaxy Ultra.

- Advertisement -

(N1)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -