Две пива дневно може да го остарат мозокот за 10 години

- Advertisement -

Науката која стои позади ефектите на консумацијата алкохол е конфузна и комплицирана. Разните студии низ годините откриле дека може да предизвика рак, но истовремено може да ги намали воспаленијата и да помогне да се отстранат токсините од мозокот. Може и да го забави развојот на мозокот за 50%, но од друга страна црвеното вино, на пример, содржи антиоксиданси кои се добри за срцето и може дури и да помогнат во заштитата од бактерии кои ги оштетуваат забите.

Некои од тие студии се фокусираат на редовно и умерено консумирање алкохол, а други на сериозен алкохолизам, додека трети на повремено неконтролирано пиење. Некои од нив се правени на луѓе, додека други се на животни. Некои се во контролирани услови, а други се поопширни. Затоа, тешко е да се извлече еден заклучок.

- Advertisement -

Последната студија е предводена од тим истражувачи од Универзитетот Пенсилванија, а вклучила импресивна бројка од 36.678 пациенти. Тоа е огромна количина податоци за навиките на пиење на испитаниците и резултати ос скенирање на нивниот мозок.

Тимот открил дека само две чаши пиво или вино дневно може да го намали волуменот на мозокот и да ја смени микроструктурата на белата маса. Ефектите биле мали во ременскиот период кој го анализирале, но истражувачите се обиделе да направат анализа како би изгледало натрупувањето на тие ефекти на подолг период. Се покажало дека пиењето две чаши пиво или вино дневно може да предизвика отшетување на мозокот како и 10 години стареење.

- Advertisement -

Како што велат тие, се покажало дека ефектите од пиењето врз мозокот се експоненцијални, односно секој нареден пијалак после првата чаша има многу полоши последици од претходните. Според нив, луѓето кои може најмногу да имаат корист од пиењето неколку чаши помалку се луѓето кои пијат најмногу.

Студијата е објавена во весникот Nature Communications.

- Advertisement -

(New Atlas)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -