Богатите Руси најдоа нова дестинација за складирање на своето богатство

- Advertisement -


Богатите Руси се обидуваат да го преместат своето богатство од Европа во Дубаи со цел да го заштитат својот имот од строгите санкции од западните земји кон Русија порад инвазијата врз Украина, велат финансиски и правни извори за Reuters.

Дубаи е слободен финансиски и бизнис центар на заливот и долго време е магнет за ултрабогатите луѓе од целиот свет, а одбивањето на ОАЕ да заземат некоја страна во конфликтот меѓу Русија и Украина е знак дека парите на Русите ќе бидат безбедни таму.

- Advertisement -

ОАЕ, кои низ годините ги продлабочија своите односи со Русија, не се приклучија на санкциите кои ги воведоа западните земји, а нивната централна банка досега не издаде никакви насоки во тој правец.

Сега може да се забележи дека многу богати Руси настојуваат да го префрлат својот имот во Дубаи, средствата кои досега ги чуваа во Швајцарија или во Лондон, а каде што се санкционирани руските поединци и организации“ вели анонимен банкар од швајцарска приватна банка, а тоа го потврди и адвокат запознаен со активностите на руските богаташи.

- Advertisement -

Адвокатот, кој има канцеларија во Дубаи, вели дека неговата компанија добила прашања од руски поединци за тоа колку брзо може да се премести значителна сума пари вредна стотици милиони долари во таа арапкса држава.

ОАЕ се добар избор затоа што оддалечени се неколку часа со авион и нема регулации кои зависат од западните сили“, вели експерт за управување со инвестиции.

- Advertisement -

Русите, кои дома се соочуваат со распаѓање на економијата, исто така сакаат своите пари да ги вложат во инвестиции, вклучувајќи недвижности и купување фондови кои не откриваат податоци за сопственоста, велат финансиски извори.

Дубаи долго време е популарен кај Русите, кои се меѓу најчестите посетители на Емиратите и купуваа недвижности дури и пред војната, а сега санкциите ја ставија нивната економија и руската валута во многу незавидна положба.

ОАЕ, како што потсетува Reuters, во 2018 година воведоа златна визна програма, која одобрува 10-годишен престој за инвеститори и експерти од разни области. Одлуката ОАЕ да се воздржи на гласањето на Советот за безбедност на ОН со кое се осудува инвазијата во Украина, заедно со заливските фондови кои и понатаму се изложени кон Русија, е сфатена како порака дека богатите Руси се добредојдени, а добредојден е и нивниот капитал.

(Bizlife)

(фото: FreeIMG)

Сподели!
- Advertisement -