Финската влада пред две години ги објави првите резултати од двегодишниот експеримент со гарантирана плата за невработените, кој заврши пред еден месец. Спротивно на очекувањата, експериментот со загрантирана плата не мотириваше доволно корисници да работат и така да заработат повеќе.
Сега овој модел на поддршка за најсиромашните го примени и Калифорнија. Домаќинствата би можеле да примаат месечна загарантирана плата од 1.000 долари во рамките на пилот-програмата за загарантирани примања.
Оваа програма е наменета само за одредена група возрасни лица во град во Западен Холивуд во Калифорнија. Само 25 случајно избрани луѓе ќе имаат право да примаат 1.000 долари месечно во период од 17 месеци. Тоа се 17.000 долари неповратни пари без никакви обврски.
Овој експеримент следува после експериментот со месечни чекови до 660 долари, кои ги примаат одредени жители на Шервпорт по Луизијана.
Во Финска за експериментот со загарантирана плата за 2.000 невработени Финци нема некој цврст заклучок. Експериментот не придонел за тоа примателите на помошта да бидат мотивирани да најдат работа, но го подобрил нивното ментално здравје, им ја покачил самодовербата и задоволството од животот.
И владата на Шпанија минатиот месец соопшти дека има за цел да воведе основен приход што е можно побрзо, и тоа за околу 1 милиони најсиромашни домаќинства во земјата.
(Bizlife)
(фото: Pxhere)