Поради страв од енергетска криза, Финска активираше нуклеарна централа

- Advertisement -

Единствената нуклеарна централа во Европа која е изградена последните 15 години почна со работа во Финска, во клучен момент за снабдувањен со енергија после рускиот напад на Украина.

Нуклеарниот реактор Olkiluoto 3 почна со пробно производство и испорака на струја за националната мрежа. За таа нуклеарна централа се очекува дека со тек на време ќе ја намали потребата за увоз на електрична енергија и ќе доведе до пониски цени на струјата. Ова се случува во време на се поголем страв од енергетска криза во Европа откако Москва се закани дека ќе го затвори главниот гасовод до Германија ако европските земји го забранат увозот на руска нафта.

- Advertisement -

Се очекува дека Olkiluoto 3, кога ќе биде целосно оперативен, ќе задоволува 14% од поарувачката за електрична енергија во Финска и ќе ја намали потребата за увоз од Русија, Шведска и Норвешка.

„Olkiluoto 3 ќе ја намали зависноста на Финска од увоз и ќе стане зона на пониски цени“ изјави за Reuters економистот Александар Есер.

- Advertisement -

Фабриката почна со пробно производство на околу 0,1 гигават, што е само мал дел од капациетот, а редовното производство на електрична енергија со полн капацитет е планирано до крајот на јули годинава. Финскиот нето-увоз на електрична енергија во просек последните неколку години е 13 терават-часа, а со новата нуклеарна централа треба да падне на 5-8 терават-часа до 2025 година.

(RTS)

- Advertisement -

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -