Најголемото признание во секторот на „продукт дизајн“ – “Red Dot Award 2022”, во категоријата на „Автомобили и мотоцикли“, беше доделено на Новиот 308!
Првиот модел кој гордо го носи новиот амблем на Брендот.
50-те членови на жирито на Интернационалниот “Red Dot Awards” беа потполно импресионирани од неговиот “allure”, неговиот уникатен стил, високото ниво на квалитет употребен во дизајнот, како и иновативниот i-Cockpit. Секоја година, овие дизајнерски експерти доделуваат таканаречен “Design Excellence” во 51 „продукт“ категорија.
Потенцијалните клиенти од сите континенти се ослонуваат и му веруваат на признанието “Red Dot” како гаранција за квалитет, “smart” дизајн и врвна ергономија. Peugeot 308 е 7миот модел на Брендот кој е награден со ова престижно признание, креирано во 1955та година во Германија, и од тогаш важи за признание кое се доделува за најдобри дизајни ширум светот.
Новиот PEUGEOT 308
Linda Jackson, CEO на Peugeot: “Ние сме горди што го добивме ова признание “Red Dot Design Award” за Новиот PEUGEOT 308. Новото лого ја симболизира грижата, вниманието и страста која е употребена во креирањето на овој модел: уникатниот “allure”, уметноста и вештите раце на креаторите, технолошката извонредност, прецизност и иновативност која всушност го карактеризира овој дизајн. Оваа награда, најценета во секторот „продукт дизајн“, само покажува дека сме го направиле вистинскиот избор во дизајнирањето на нашиот нов автомобил.“
PEUGEOT 308: дизајн кој поставува нови трендови
Надворешниот дизајн на Новиот 308 беше пресуден за жири комисијата. Архитектурата на Новиот 308 бенифицира од хабитабилноста и динамизмот на својата силуета. Ова е првиот модел кој ја носи новата решетка со новиот амблем, во кој се крие радарска и сензорска технологија. Вертикалниот светлосен потпис е комплетиран со Matrix LED предните светла (во GT и GT Pack ниво на опременост), кој обезбедува поголема ефикасност и безбедност на патот. LED светлата со 3 канџи на задниот дел се олицетворение на ДНК на Брендот.
Во кабината PEUGEOT i-Cockpit® 3D (дигитален кластер над компактниот управувач) се карактеризира со i-Toggles конфигуративни копчиња, веднаш под интуитивниот екран на допир, налик на оној на smartphone. Седиштата се AGR сертифицирани за својата ергономија и прилагодливост. Во внатрешноста импресионираат неколку селективни детали: LED амбиентално осветлување (избор од 8 бои) како и панели на вратите креирани од Alcantara® или делови од вистински алуминиум, во зависност од нивото на опременост.
Доследен на стратегијата “Power of Choice”, Новиот PEUGEOT 308 е достапен со различни мотори. Покрај различните варијации на мотори со внатрешно согорување, PEUGEOT 308 понудува и два хибридни мотори.
Red Dot Design Awards
Ова е 7ми пат како Peugeot добива ваква награда, веднаш по 208 и 2008 во 2020 година, 3008 во 2017та година, TRAVELLER во 2016, првата генерација на 308 SW во 2014 и RCZ coupe во 2010.
Оваа награда – “Red Dot Design Award” е 11та интернационална награда добиена од страна на Новиот 308, од неговото лансирање на крајот на 2021 година.
Основана во 1995 година, Red Dot наградата е најпризнанена интернационална награда за квалитет и успешен дизајн. Red Dot Design Awards се случуваат еднаш годишно во 3 дисциплини: Продукт Дизајн, Бренд и Комуникациски Дизајн, и Концептен Дизајн. Жирито се состои од 50 интернационални експерти од различни полиња: дизајнери, архитекти или учители. Повеќе информации во врска со организацијата Red Dot се достапни на: https://www.red-dot.org/