Сакале ние или не, NFT дефинитивно доаѓа на Instagram, потврди Марк Цукерберг.Говорејќи на конференцијата SXSW во Остин, Тексас, основачот и извршен директор на компанијата Meta вчера потврди дека наскоро на Instagram стигнуваат дигитални колекционерски предмети, односно NFT.
„Работиме на воведување на NFT на Instagram во блиска иднина“ рече Цукерберг, но не наведе кога точно ќе се случи тоа.
Цукерберг и другите високи функциониери во Metа уште порадно изразија интерес за NFT, а извршниот директор на Instagram, Адам Мосери, неодамна изјави дека компанијата активно работи на NFT технологија.
Цукерберг изјави дека NFT еден ден може да игра битна улога во конечниот нета универзум. „Се надевам дека занете облеката која ја носи вашиот аватар во мета универзумот може да биде изградена како NFT, но постоат уште многу технички работи кои треба да се разработат пред тоа навистина да се случи“ рече тој.
Тој се пофали и дека најголем дел од својот шопинг сега го прави на Instagram и на Facebook.
(Vidi.hr)
(фото: Pixa Hive)