Илон Маск на својот профил на Twitter напиша кога тој предвидува дека луѓето ќе стапнат на Марс. Тоа го напиша во одговор на прашање од Space Hub точно кога во тењкот на овој 21 век ќе појдат луѓето на Марс?
Неговиот одговор беше „2029 година” и за својот одговор прикачи меме со историското стапнување на луѓето на Месечината во текот на мисијата Аполо на НАСА во 1969 година.
Но, ова не е ново за Маск затоа што тој кажува такви проценки постојано. во декември минатата година тој за Time Magazine изјави дека нема да биде зизненаден ако луѓето појдат на Марс за 5 години оттогаш.
Првичното предвидување на Маск следуваше откако беше прогласен за чичност на годината од магазинот Time и детално зборуваше за своите планови за Црвената планета. На примр, зборуваше за самоодржлив град кој користи соларни хидропонски фарми за да произведува храна токму на Марс.
„Следниот голем чекор би бил изградба на самоодржлив град на Марс и да се донесат животни и луѓе од Земјата. Тоа е нешто како футуристичка Ноева арка. Но, ќе однесеме повеќе од две од секој вид“ изјави тој.
Но, пред Маск да го потврди своето предвидување неговата компанија SpaceX мора да го доврши својот вселенски брод Starship, кој првпат успешно полета и слетаво мај 2021 година.
Најбитно за дизајнот на Starship е да се минимизира трошокот по тон при летање во орбитата и при слетување на Земјата. Во интервјуот Маск посочи дека моменталната технологија не може да однесе некого на Марс дури ни за 1 трилион долари, па затоа тој сака да го намали оперативниот трошок на Starship за околу 100 милијарди или 200 милијарди долари годишно.
(Interesting Engineering)
(фото: Flickr)