Колку резерви на злато ни остануваат на Земјата?

- Advertisement -

Дали знаете дека златото се користи при производството на сета технологија што ја користиме денес – од копјутери, телефони и телевизори до другите паметни уреди во домаќинството. Неодамна беше откриено злато во форма на голема коцка среден Централ парк во Њујорк.

Но, и покрај популарноста на овој благороден метал, златото е всушност ограничен ресурс и е доста редок. Во рударската индустрија среќни сте ако успеете да ископате 1 грам злато од 1 тон земја.

- Advertisement -

Затоа, се поставува прашањето колку злато е останато на Земјата? Најпрвин, мора да ја разбереме разликата меѓу резерви на злато и златни ресурси. Резервите на злато се депозити кои се профитабилни за рударење според сегашните цени на златото, додека за златните ресурси се потребни поголеми напори и специјализирана технологија за да се дојде до нив затоа што имаат многу помала количина од тој метал во нив.

Моментално, геолозите проценуваат дека има околу 50.000 метрички тони златни резерви под земја кои може да се ископаат, а тоа е 20% од вкупната количина злато која ја имало на Земјата кога почнале ископувањата.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -