Ако работите во овие земји, најголема е веројатноста шеф да ви биде жена

- Advertisement -

Во африканските и во карипските земји поголема е веројатноста жените да заземат менаџерска позиција отколку во кој било друг дел од светот, покажува најновиот извештај на Меѓународната организација на трудот.

Жените најчесто заземаат менаџерски позиции на полето човечки ресурси, администрација, финансии, маркетинг и односи со јавноста.

- Advertisement -

Ако работите во Того, Нигерија или Јордан, поголема е веројатноста шеф да ви биде жена отколку маж. Тоа го покажуваат последните бројки кои ги објавија Меѓународната организација на трудот. Того ја предводи листата со над 70% жени менаџери од 2017 година наваму, но бројките покажуваат и дека само 13 од сите земји на листата имаат покачување на еднаквоста меѓу половите во поглед на лидерските позиции во периодот од 2016 до 2020 година.

Белорусија се рангира на највисока позиција од европските земји на листата на 13. позиција, каде што има 50.5% жени менаџери. Генерално, источноевропските земји и земјите од поранешниот Советски сојуз се високорангирани на листата.

- Advertisement -

(World Economic Forum)

(фото: WEF)

Сподели!
- Advertisement -