РЕК ги објави новите цени на горивата

- Advertisement -

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,01% во однос на одлуката од 18.03.2022 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 18.03.2022 година.

- Advertisement -

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,805 денар/килограм и сега ќе изнесува 52,354 ден/кг.

Од 22.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

- Advertisement -

Моторен бензин                  ЕУРОСУПЕР БС – 95                                     79,00             (денари/литар)

Моторен бензин                 ЕУРОСУПЕР БС – 98                                    81,00            (денари/литар)

- Advertisement -

Дизел гориво                                  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)       77,00             (денари/литар)

Масло за горење                Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)                      73,50            (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                                                                                                     52,354 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините  за 1,048%, кај дизелот има зголемување за 0,668%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 1,020% и кај мазутот намалувањето е во просек за околу 1,904%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,059%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 22.3.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Сподели!
- Advertisement -