Доктори во Велс ги испробале речиси сите расположливи леквои за да излеат пациент кој речиси 8 месеци боледувал од КОВИД-19. Но, најголемиот успех го постигнале кога му дале – вакцина.
Како што пишува Daily Mail, Иан Лестер, кој има ретко генетско пореметување на имунодефициенција, се заразил со корона вирусот во декември 2020 година, пред да станат широко достапни вакцините. Во текот на наредните 7,5 месеци Лестер постојано бил позитивен на корона вирусот, а покрај тоа чувствувал и стегање во градите, главоболки и екстремен замор.
Во моментот кога во Велика Британија почнало вакцинирањето против КОВИД-19 Лстер не можел да се вакцинира затоа што постојано бил позитивен на вирусот. Но, научници од Универзитетот Оксфорд одлучиле да пробаат нешто невообичаено. Му дале две дози од вакцината на Pfizer против КОВИД-19 и се надевале дека тие ќе му делуваат како терапија и ќе му помогнат на неговиот имунолошки систем да се одбрани од вирусот.
Резултатите покажале дека 14 дена после примањето на првата доза нивото на вирусот во телото паднало за 64 пати. Лестер е прогласен за излекуван во август минатата година, 72 дена после примањето на првата доза.
Научници од Универзитетот Кардиф неговиот случај го објавија во студија во весникот Journal of Clinical Immunology, за која се верува дека е првиот официјален случај во кој за лекување на КОВИД-19 е употребна вакцина. Имено, вакцините против КОВИД-19 главно се користат за да се заштитат здравите луѓе од вирусот.
Резултатите од британската студија покажуваат дека вакцините би можеле да се користат и за помагање на имунолошкиот систем во борбата со вирусот.
Но, научниците велат дека дополнително треба да се тестираат вакцините како третман кај пациентите кои имаат долготрајна инфекција со вирусот.
(Zimo)
(фото: Wikimedia)