Војната во Украина предизвикува криза и паника во цела Европа и во светот, па Европејците брзаат да направат залихи од основните продукти. Во некои земји се ограничува продажбата на основните продукти, цените растат, а највпечатлив пример за тоа што се случува во светот е цената на лебот во Италија.
Имено, цените на лебот, на тестенините и на месото растат во Италија, која увезува пченица од источна Европа и 80% од сончогледовото масло од Украина, како и големи количини пченка, која се користи за исхрана на животните.
Во градовите од Болоња, преку Бари до Трент цената на лебот по килограм надминува 6 евра, додека во Милано достигна рекордни 8 евра, покажуваат податоците на националната земјоделска трговска организација Coldiretti.
За споредба, цените на лебот во ноември минатата година конкретно во Милано беа околу 4,25 евра. Најевтината провинција е Наполи, каде што за килограм леб максималната цена остана 2 евра.
(Euronews)
(фото: Pxhere)