Кратката дремка во текот на паузата на работа ја зголемува продуктивноста

- Advertisement -

Експертите и претприемачите постојано ја нагласуваат важноста на добриот сон за да се обезбеди подобра работна средина. Билал Салих, бизнис консултант со седиште во Истанбул, вели дека кратката дремка во текот на работниот ден има многу предности, како што е зголемување на продуктивноста и креативноста кај вработените.

Дремката на работа е од витално значење за намалување на стресот и помагање на вработените да прифатат подобри навики за спиење воопшто“ вели Салих.

- Advertisement -

Тој смета дека спиењето може да помогне во намалување на хормонот на стресот, што ќе има краткорочни и долгорочни бенефити за вработените и за работодавците.

Салих тврди дека спиењето, исто така, ја зголемува креативноста кај вработените.

- Advertisement -

„После кратка дремка вообичаено е да се чувствувате освежено и енергично, што на вработените им овозможува да генерираат креативни идеи за решавање на секојдневните работни проблеми“ вели Салих.

Додека во работната култура дремењето се смета за особина на мрзеливите, Салих вели дека таа култура сега се менува.

- Advertisement -

„Многу компании почнаа да одредуваат време и место за вработените да направат пауза во текот на работата, што вклучува и обезбедување кревети и софи на кои вработените можат да легнат и да преспијат“ објаснува Салих.

Салих верува дека спиењето треба да се смета како еден вид на пауза во текот на работното време.

Одморот е релативна работа. Дремењето е слично како пиење шолја кафе, гледање кратко видео, разговор со колега или која било друга активност за време на пауза” додава тој.

Мохамед Алсајид, претприемач од Истанбул, вели дека политиката на спиење се разликува од компанија до компанија.

Според мене, дремењето е битно за луѓето кои имаат долго работно време, но не е неопходно за работниците со половина работно време“ вели Алсајид.

Тој смета дека таквиот одмор е од витално значење затоа што ја враќа рамнотежата на работа, ја зголемува продуктивноста и го ублажува стресот.

(N1)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -