Почна најголемиот карантин во Шангај од почетокот на пандемијата

- Advertisement -

Во Шангај денес почнува карантин, односно заклучување на еден од најголемите градови во Кина со околу 26 милиони жители. Тоа е дел од стратегијата на Кина за борба против КОВИД-19.

Со тоа Кина го воведува најголемото заклучување на територија на еден град откако почна пандемијата на корона вирусот пред повеќе од 2 години. Шангај ќе биде затворен во две фази во текот на девет дена, а надлежните истовремено ќе ги тестираат граѓаните.

- Advertisement -

Шангајскиот финансиски кварт Пудонг и блиските наслеби ќе бидат затворени до петок затоа што почнува масовно тестирање ширум градот, соопшти локалната влада.Од петок натаму ќе биде затворен друг дел од градот западно од реката Хуангпу.

Овој град, кој е битен финансиски центар, речиси еден месец се бори против новиот бран на корона вирусот, иако бројот на нови случаи според некои меѓународни стандарди и не е висок. Власта досега одбиваше да го затвори градот за да се избегне дестабилизација на стопанството. Но, откако во Шангај вчера беше забележан најголем број нови случаи на заразени во еден ден, надлежните се одлучија на карантин.

- Advertisement -

Жителите во текот на карантинот ќе мора да останат во своите домови, а испораката на нарачки ќе се врши на одредени места за да се осигура дека нема да има контакт меѓу луѓето. Сите компании кои не се сметаат за неопходни ќе бидат затворени, а јавниот превоз ќе биде стопиран.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -