Од викендов, мрежата на експозитури на СН финансии е збогатена со уште една модерна локација, во Кичево на Бул. Ослободување број 1.
Отварање на експозитура во нов и наменски дизајниран простор на ова успешно Финансиско друштво кое е единствено во Македонија формирано од домашен капитал, е уште еден доказ дека станува збор за компaнија за која амбиентот во кој се работи треба да биде функционален и безбеден.
Како и на сите локации, така и на оваа жителите на Кичево и околните општини ќе имаат пристап до сите услуги кои ги нуди оваа компанија.

Целта на тоа да одиме на нови локации со нови експозитури во помалите градови е она по што сме познати, а тоа е директниот контакт со финансовите комерцијалисти, многу важен за голем број наши клиенти за кои советувањето на шалтер е одлучувачки фактор за да се избере услуга и производ идеален за клиентот. Нашата компанија е и пионер во дигитализација, нешто што е засилена стратегија за нашето комплетно работење. Но, исто така сме посветени и на ширење на нашата мрежа со експозитури – истакна м-р Томе Чагоровски менаџер за продажба и маркетинг на отварањето.

16 експозитура на СН финансии е сместена во простран и модерен деловен комплекс во центарот на Кичево во кој се сместени и четирите комапнии од СН групациајата: Евротип, Голд слот клуб, СН Осигурутелен брокер и ЈК Травел.
