Јужна Кореја ја тестираше првата вселенска ракета на тврдо гориво

- Advertisement -

Јужнокорејската војска денес објави дека по прв пат успешно лансирала вселенска ракета на тврдо гориво, што на крај ќе резултира со лансирање на сателитски констелации чија цел е поуспешно следење на заканите, како тие што стигнуваат од Северна Кореја.

Лансирањето е прв тест од овој тип откако Јужна Кореја и САД минатата година се договорија да укинат ограничувањата долги повеќе децении кои се однесуваат на развојот на балистички проектили и ракети од Јужна Кореја, а следуваше после помалку од една недела откако Северна Кореја го изведе своето најголемо тестирање досега.

- Advertisement -

Успехот на пробното лансирање на вселенската ракета на цврсто гориво е битен пресврт во зајакнувањето на одбранбената моќ на јужнокорејското независно воено вселенско надзорно и извидувачко поле во многу критичен момент, објави корејското Министерство за одбрана.

Во соопштението се вели и дека министерот за одбрана го следел лансирањето на ракетата развиена исклучиво со корејска технологија. Во октомври Јужна Кореја го изведе првото пробно тестирање на течното гориво со Nuri, нивното прво вселенско лансирно возило од домашно производство.

- Advertisement -

Nuri е лансиран и полета, но не успеа целосно да го реалзиира својот пробен лет во орбитата. За разлика од дизајнот на Nuri на течно гориво, ракетата на тврдог ориво е поедноставна и поевтина во поглед на развојот и производството, па затоа е и побрза за лансирање.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -