Инженер гради пирамиди од мраз во кои складира вода за во пустина

- Advertisement -

Сонам Вангчук е инженер кој пронајде иновативен начин за да обезбеди свежа вода во селата во Ладак, една од пустините кои се на најголема надморска височина во светот, а се наоѓа во Хималаите.

Вангчук користи вода од извори и прави вештачки глечери, односно пирамиди од мраз, кои можат да складираат вода во нив се додека не дојде пролет. Иноваторот, кој зад себе има други иновативни проекти од типот на згради кои се напојуваат целосно со соларна енергија и ефикасни печки за готвење, ја доби наградата Rolex Award for Enterprise во 2016 година.

- Advertisement -

Тој своите награди ги користи за да основа панхималајски истражувачки универзитет, кој ќе се занимава со климатските проблеми во регионот.

Вангчук се надева дека ако локалното население се адаптира сега, нивните поколенија нема да станат бегалци од климатските промени.

- Advertisement -

„Ние кои живееме во планините сме малцинство, не само етнички, туку и во поглед на климатските услови. Она што функционира во Њујорк или во Њу Делхи нема да функционира во планините. Мора да најдеме сопствени решенија за нашите проблеми“ вели Вангчук.

(acses.com.au)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -