Нова техника го чисти CO2 од воздухот со помош на пластичниот отпад

- Advertisement -


Два од најголемите проблеми во светот моментално е неупотребливиот пластичен отпад и загадувањето со CO2 во атмосферата. Новооткриен процес наводно го користи пластичниот отпад за да го исчисти јаглерод дииксидот од воздухот.

Моментално процесот го развива тим од Универзитетот Рајс, а техниката е варијација на постојниот процес за рециклирање на пластиката бзиран на пиролиза. Пиролизата се дефинира како термална декомпозиција на материјали на покачена температура во интертна атмосфера.

- Advertisement -

Процедурата почнува со претворање на пластичниот отпад во прав, а потоа правот се меша со калиум ацетат и се загрева на 600 ºC вовреметраење од 45 минути. Со тоа пластичниот прав се претвора во мали честички со нанопори, кои ефективно ги ловат молекулите на СО2 од воздухот.

Секоја честичка може да складира до 18% од својата тежина на собна температура. Кога ќе се загреваат на 75 ºC го испуштаат заловениот јаглерод диоксид, кој потоа може да се користи за производство на производи како горива или градежни материјали. Честичките потоа може да се реупотребуваат затоа што околу 90% од нивните пори се отвораат повторно кога се испушта CO2.

- Advertisement -

Како дополнителен бонус, при создавањето на честичките се добива восочен нуспроизвод, кој потоа може да се користи за производство на детергенти или лубриканти. Најбитно од се е тоа што најчесто користената пластика како полипропилен или полиетилен со висока или ниска густина вообичаено тешко се рециклира, тие се идеални за конверзија во честички кои го заловуваат СО2.

Научниците проценуваат дека трошокот за чистење на CO2 на овој начин би бил околу 21 долар по тон. За споредба, процесот кој моментално користи амини за чистење на CO2 чини 80 до 160 долари за тон.

- Advertisement -

Студијатаза ова истражување неодамна беше објавена во весникот ACS Nano.

(New Atlas)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -