Истражувачи од шведскиот Технолошки универзитет Шалмерс дизајнираа систем кој може да складира соларна енергија во течна форма и да ја чува енергијата 18 година. Тимот го тестирал системот, наречен Molecular Solar Thermal system (MOST)со поврзување на термоелектричен генератор и покажале дека произведува електрицитет.
Универзитетскиот тим работел на оваа технологија повеќе од една деценија и веруваат дека нивната иновација ќе може да се користи за напојување на електорнски уреди кои не трошат толку струја и по потреба.
Системот е дизајниран со специјално равиени молекули на јаглерод, водород и азот, Кога тие молекули ќе дојдат во контакт со светлина атомите во нив го менуваат редоследот и се претвораат во изомери богати со енергија зачувана со течна форма. Импресивно е тоа што истраѓувачите дека дека нивниот систем ја зкладира енергијата до 18 година, а се ослободува со посебен катализатор кој ги враќа молекулите во првичната форма и ја ослободува енергијата во вид на топлина.
Шведските истражувачи соработуваат со научници од кинескиот Универзитет Џиао Тонг во Шандај, кои користеле термоелектричен генератор за таа топлина да ја претворат во електрицитет.Генераторот е ултратенок чип кој може да се интегрира во електронски уреди како слушалки, паметни часовници и телефони, велат кинеските научници. Досега тие успеале да генерираат само мали количини електрицитет, но новите резултати покажуваат дека концептот навистина функционира.
Според главниот автор на студијата, проф. Каспер Мот-Пулсен, системот MOST значи дека сега соларната енергија може да се користи за производство на електрицитет без оглед на временските услови, времето од денот, годишното време или географската локација.
(Interesting Engineering)
(фото: Piqsels)