Кинезите овој месец ќе ги објават плановите за првата кинеска мисија за откривање на Земја бр. 2

- Advertisement -

Откако испрати роботи на Месечината, ги спушти и на Марс изгради сопствена вселенска станица, Кина сега фрли поглед на оддалечените ѕвездени системи. Имено, кинеските научници во текот на овој месец ќе објават детални планови за првата кинеска мисија за откривање егзопланети погодни за човечки живот.

Мисијата ќе има за цел да ги истражува планетите надвор од Сончевиот систем, односно во другите делови од Млечниот пат со цел да најде планета налик на Земјата која кружи околу некоја ѕвезда како нашето Сонце.

- Advertisement -

Кинеските астрономи мислат дека таквата планета, наречена Земја бр.2, би имала вистински услови за постоење на течна вода и можеби живот. Над 5.000 егзоланети веќе се откриени во Млчениот пат, најголем дел со помош на телескопот Кеплер на НАСА, кој беше во употреба 9 години пред да остане без гориво во 2018 година. Некои од другите откриени егзопланети се карпести тела слични на Земјата, кои кружат околу мали црвени џуџиња, но ниту една од нив не одговара на дефиницијата Земја 2.0.

Со моменталната технолосија и телескопи многу е тешко да се пронајде сигнал од мали планети слични на Земјата кога нивните ѕвезди домаќини се милиони пати потешки и посветли од нив, велат од НАСА.

- Advertisement -

Кинеската мисија, наречена Земја 2.0, се надева дека ќе го смени тоа. Ќе биде финансирана од Кинеската академија за науки и сега работат на раната фаза од проектирањето. Ако проектите го поминат прегледот од панелот експерти во јуни годинава, тимот задолжен за таа мисија ќе добие средства за почеток на изградбата на сателит кој планираат да го лансираат на ракетата Long March пред крајот на 2026 година.

Сателитот Земја 2.0 е дизајниран да носи седум телескопи кои ќе го набљудуваат небото четири години. Шест телескопи заедно ќе работат на истражување на соѕвездето Лебед-Лира, односно истиот дел од небото кое го аналзиирал телескопот на НАСА, Кеплер. Телескопите ќе бараат егзопланети откривајќи мали проемни во сјајот на ѕвездите кои укажуваат на тоа дека пред нив ппоминала планета.

- Advertisement -

Со користење повеќе телескопи научниците го прошируваат видното поле – шест телескопи заедно ќе гледаат околи 1,2 милиони ѕвезди на површина од 500 квадратни степени, што е пет пати пошироко од видното поле на телескопот Кеплер. Истовремено, ќе можат да набљудуваат и послаби и пооддалечени ѕвезди отколку што може телескопот на НАСА, TESS, кој истражува посветли ѕведи во близина на Земјата.

(Scientific American)

(фото: Raw Pixel)

Сподели!
- Advertisement -