Турските власти планираат да формираат посебна авио-компанија за превоз на руски туристи до турските одморалишта, пренесува BBC. Таквата одлука следувала откако Европскта агенција за безбедност на воздушниот сообраќај ги суспендираше сертификатите на сите риски авио-превозници.
“Ескалацијата на конфликтот меѓу Русија и Украина доведе со проблеми во туристичкиот сектор во Турција, затоа што и двата пазари се особено важни за турскиот туризам“, пишува турскиот весник „Сабах“ повикувајќи се на извештаи на руската новинска агенција Интерфакс. Новата авио-компанија би тревбало да има седиште во Анталија, на турскиот медитерански брег.
Проценките се дека благодарение на таа компанија ќе биде можно да се привлечат дополнителни еден милион руски туристи. Освен тоа, наводно Turkish Airlines се договорил со руските агенции дека че резервира блокови седишта за руските туристи на своите летови.
(Bizlife)