SpaceX го потпиша првиот договор за вселенски интернет во авион

- Advertisement -

SpaceX склучи договор со независниот авиопревозник JSX за обзезбедување на безжичен вселенски интерент на патниците со таа компанија од идната година. Тоа ќе биде првата компанија во светот која ќе го нуди вселенскиот интернет на SpaceX, Starlink.

После лансирањето на првите сателити во 2019 година, SpaceX забрзано ја гради својата констелација во обид да го покрие целото небо со ултрабрз интернет. Моментално во орбитата има околу 2.000 Starlink сателити и планирано е да се испратат уште илјадници други.

- Advertisement -

Во секој случај, SpaceX продолжува да ја шири својата услуга и дури неодамна претставија премиум опција за побогатите корисници. Исто така, бараат начини за ширење на својата услуга кај комерцијалните авиокомпании и изминатата година веќе го тестираат интернетот со неколку авиопревозници, меѓу кои се и Delta Airlines.

Но, компанијата JSX ќе биде првата која ќе ја нуди услугата бесплатно кога ќе биде лансирана подоцна оваа година. Авиопревозникот нуди летови во мали авиони со 30 седишта на кратки растојанија помеѓу некои американски градови како Лас Вегас, Феникс и Оукленд.

- Advertisement -

(New Atlas)

(фото: Starlink)

Сподели!
- Advertisement -