Македонската асоцијација за развивање на игри (МАГДА) го најавува одржувањето на првата ONLINE Game Dev конференција во Македонија – MAGDA Game Dev 1UP.
„Во наредните месец и половина, еднаш неделно (секоја среда) ќе имаме шанса да присуствуваме на онлајн предавања во живо од професионалци во гејм индустријата кои од прва рака ќе ви ги пренесат нивните искуства и тактики. Level Design, Game Design, 2D Character Art, Sound Design, Game Production, Game Programming, Monetization, AI in Games, 3D Modeling се дел од темите кои ќе бидат дискутирани“, се наведува во најавата од МАГДА.
На крајот од конференцијата, ќе се одржи и дводневен Гејмџем во живо.
Првите двајца говорници се закажани за 4 мај, присуството е бесплатно, со претходно пријавување, а сите дополнителни прашања и информации може да се најдат на magda.org.mk.
„Оваа индустрија е прогласена за најбрзо растечка индустрија во светот. Затоа внимателно избравме говорници кои зад себе имаат огромно искуство и познавање од темите“, се наведува во соопштението од МАГДА.
Овој проект е дел од Creative producers проектот, поддржан од Британскиот Совет во Македонија.
(Meta.mk)
(фото: Magda)