Snap, компанијата-ќерка на Snapchat, го претстави својот прв мини дрон наречен Pixy, кој е дизајниран за работа со Snapchat. Дронот кој засега е достапен само во САД и во Франција по цена од 229,99 долари, се фрла во воздух, а тој потоа може да лета наоколу и да ве следи каде и да се движите и да ве снима целосно самостојно, без да мора да користите каков било контролер. .
Видеата кои ги прави се складираат во Snapchat Memories, а таму можете да ги уредувате со помош на разни алатки и филтри, да се сечат, да им додавате звук и музика, да ги прилагодите според своите желби и сопствената креативност.
Snapchat Pixy наскоро треба да биде достапен во целиот свет, а повеќе детали можете да дознаете на овој линк.
(Vidi.hr)
(фото: YouTube )