„Кока кола“ ги отвори вратите на својата прва продавница за висока улична мода во лондонски „Ковент гарден“. Ова е прва продавница за облека на брендот во Европа и нуди гардероба под брендот Coca – Cola, во ограничено издание и резултат на ексклузивна соработка со дизајнери.
Продавницата работи од вчера и нуди од улична до работна гардероба, како и одржлива облека и модни додатоци направени од рециклирани шишиња Coca – Colа. Во продавницата се нуди и ексклузивна колекција дизјнирана во соработка со тексас брендот Lee, вклучувајќи тексас – јакни, комбинизони и фармерки.
„Кока кола“ веќе има слични објекти во САД – во Орландо, лас Вегас и во Атланта.
Оваа продавница е можност и на нашите фанови во Европа да им понудиме врвна лепеза од мода и колекционерски предмети, како и уникатни начини да ги искусат нашите пијалаци. Низ колекцијата производи направени од рециклирачки материјали, имаме одлична можност да ги споделиме со луѓето нашите обврски во поглед на одржливоста и да ги поведеме со себе во свет без отпад, соопштија од „Кока кола“.
Извор – Instore.mk