ВИДЕО: Најголемиот хиперсоничен авион во светот тестиран по петти пат

- Advertisement -

Stratolaunch успешно го заврши петтиот тест на Roc, најголемиот авион во светот. Авионот леташе вкупно 4 часа и 58 минути над пустината Мохаве и достигна висина од 6.858 метри.

Со последниот лет Stratolaunch е еден чекор поблиску до исполнување на својот договор со Пентагон за хиперсонични летови. Roc има мотор на Boeing 747 и ширина на крилата од 117 метри. Покрај него масивниот карго авион Antonov An-225 со распон на крилата од 88 метри изгледа како џуџе.

- Advertisement -

Stratolaunch додаде нов столб во центарот на крилата на авионот, кој ќе биде суштинска компонента за оперативните лансирања затоаншто ќе овозможи Roc да пренесува Talon-A хиперсонични возила.

Talon-A возилата се автономни, реупотребливи хиперсонични тест возила кои пренесуваат товар со брзина до 5 маха. Stratolaunch само што почна со производство на TA-2, првото целосно реупотребливо хиперсонично тест возила.

- Advertisement -

Новата технологија која е додадена на Roc е составена од мини крило и адаптер направен од алуминиум и карбонски влакна. Новиот столб тежи околу 3.62 тони и е долг 5,25 метри.

Во декември минатата година Пентагон најави дека склучиле договор со Stratolaunch за тестирање нови хиперсонични системи за летање. Договорот ја смени судбината на Stratolaunch затоа што компанијата претходно беше на работ на банрот.

- Advertisement -

Ако се оди според планот, Stratolaunch ќе почне со тестирање на хиперсонични летала за Пентагон и други корисници во 2023 година.

(Interesting Engineering)

(фото: Youtube)

Сподели!
- Advertisement -