Вонземски камен пронајден во египетската пустина е доказ за најмоќната супернова

- Advertisement -

Вселенски камен пронајден во египетската пустина, според најновата научна теорија, може да биде првиот доказ за еден од најмоќните настани во вселената и траг од космичка приказна која почнала во текот на раното формирање на Сончевиот систем.

Новата хемиска форензика укажува на тоа дека вселенскиот камен наречен Hypatia од египетската пустина може да биде првиот опиплив доказ пронајден на Земјата за експлозијата на супернова од типот 1A. Овие ретки супернови се едни од најсилните настани во вселената.

- Advertisement -

Тоа е заклучокот на најновата студија објавена во научното списание Icarus, која ја спроведоа Јан Крамерс, Џорџи Белианин и Хартмут Винклер од Универзитетот во Јоханесбург, заедно со други научници.

Од 2013 година Белианин и Крамерас откриле низа многу необични хемиски траги во мал фрагмент од каменот Hypatiа. Во новото истражување тие ги елиминираат космичките виновници за потеклото на каменот. Тие составиле временска линија која се протега до раните фази на формирањето на Земјата, нашето Сонце и другите планети во Сончевиот систем.

- Advertisement -

Нивната хипотеза за потеклото на Hypatiа почнува со една ѕвезда, односно со пропаѓањето на ѕвезда црвен џин во ѕвезда бело џуџе. Таквото пропаѓање се случило во џиновски облак од прашина, кој се вика и маглица.

Настанатото џуџе се нашло во бинарен систем со друга ѕвезда и на крајот белото џуџе ја „изело“ и другата ѕвезда. Во даден момент белото џуџе експлодирало како супернова од типот Ia во облак од прашина. После ладењето, атомите од гасови кои останале од суперновата Ia почнале да се лепат за честичките од облакот прашина.

- Advertisement -

„Може да се рече дека на одреден начин делумно сме фатиле експлозија на супернова Ia затоа што атомите од гасовите од експлозијата се фатени во облак од прашина и гасовите од суперновата никогаш не стапиле во интеракција со други облаци од прашина. После милиони години тој меур полека станал цврст. Изворното тело на Hypatiа би станало цврста карпа одреден период во раните фази од формирањето на нашиот Сончев систем.

Тој процес веројатно се случил во ладниот дел од нашиот Сончев систем – во Оортовиот облак или во Куиперовиот појас. Во даден момент матичната карпа на Hypatiа почнува да се движи кон Земјата. Топлината од влезот во земјината атмосфера во комбинација со притисокот од ударот во Големото песочно море во југозападен Египет создала микродијаманти и ја разбила матичната карпа.

Каменот Hypatia пронајден во пустина мора да е дел од многуте фрагенти од тој удар. Ако оваа хипотеза е точна, каменот Hypatia би бил првиот опиплив доказ на Земјата за експлозија на супернова од типот Ia.

(EurekAlert)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -