Тркалезна маса на тема „Преку праведна енергетска транзиција до одржлив раст и развој” ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт”.
„Овој настан има за цел да промовира дијалог помеѓу сите засегнати страни на теми од релевантно значење за иднината на енергетскиот сектор во РС Македонија, а притоа да даде осврт на социјалните и економските аспекти од енергетската транзицијата, кои се од огромна важност во периодов на економска, енергетска и безбедносна криза во Европа“, соопштија организаторите.
На настанот најавено е обраќање на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимовски, градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски, како и експерти на темата кои работат дома и во странство, вклучувајќи го и проф. Стефан Бужаровски од Универзитетот Манчестер.
(фото: Fulham Performance)