Привремен пејсмејкер се раствора во телото откако ќе ја заврши својата работа

- Advertisement -

Тим од научници создаде фасцинантна нова медицинска технологија – мрежа од безжични уреди, вклучувајќи и пејсмејкер, кој се раствора во организмот. Станува збор за уред кој ја следи телесната температура, нивото на кислород, дишењето, тонусот на мускулите, физичката активност и срцето. Ако е потребно, пејсмејкерот може да го врати срцето во нормален ритам.

„За привремениот срцев пејсинг овој систем ги одвојува пациентите од апаратот за следење и стимулација кој ги ограничува на седење во болница. Наместо тоа, пациентите би можеле да закрепнат во удубноста на своите домови, а притоа да го задржат душевниот мир додека доктор ги надгледува на далечина“ вели научникот Џон Роџерс, еден од коавторите на истражувањето.

- Advertisement -

Тој тврди дека новиот уред може да ги намали трошоците и да ги ослободи болничките кревети. Таа иновација е опишана во напис објавен во списанието Science.

Претходната верзија на пејсмејкерот е објавена минатото лето, а оттогаш Роџерс и неговите колеги направија неколку подобрени верзии на уредот. Најновата полесно се растегнува и така се прилагодува на движењето на срцетот што работи. Исто така, се лепи за органот со помош на биоразградливо лепило кое содржи антивоспалителен лек за да спречи организмот да го нападне уредот со имунолошки одговор.

- Advertisement -

Пејсмејкерот функционира со неколку други единици за следење на пациентите. Модулот фиксиран од надворешната страна на градниот кош ги презема податоците и користи алгоритам за откривање на проблемите.

„Срцевиот модул буквално му кажува на пејсмејкерот да примени стимулација за срцето. Ако се врати нормалната активност на срцето, уредот престанува со работа. Ова е битно поради тоа што со непотребни стимулации на срцето расте ризикот од аритмија“ вели биомедицинскиот инженер Игор Р. Ефимов.

- Advertisement -

Иако оваа технологија многу ветува, исто така повлекува многу прашања без одговор. Биомедицинскиот истражувач Волфрам-Хубертус Цимерман вели дека одредувањето и минимизирањето на честотата на грешките претставува еден од клучните фактори за оваа технологија да стане одржлива за употреба во клиниките.

Цимерман тврди и дека приватноста е уште еден проблем затоа што имплантираните сензори собираат приватни податоци кои може да се злоупотребат и да се манипулираат. Медицинските власти мора да воспостават ригорозни мерки за заштита на податоците, а пациентите треба да бидат спремни на најлошо сценарио, односно несакано губење на контролата врз уредите.

Ќе помине доста време пред кардиолозите да почнат да ги вградуваат овие уреди на пациенти. Пејсмејкерот ги помина сите тестови на глувци и на кучиња, а функционирал и на донирано човечко срце. Сепак, уште не се направени тестирања на жив човек.

(Klix.ba)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -