Објавен регионалниот извештај за родово-базирана дискриминација и пазар на труд

- Advertisement -

Коалицијата за борба против родово-базирана дискриминација на пазарот на труд на Западен Балкан вчера преку Зум го промовираше второто издание на истражувачкиот извештај со наслов Родово-базирана дискриминација и работни односи во Западен Балкан.

Истражувањето беше спроведено од женски граѓански организации (ЖГО) како дел од регионалната акција „Зајакнување на граѓанските организации во борбата против дискриминација и унапредување на работничките права на жените“ во Западен Балкан, поддржана од Европската Унија и ко-финансирана од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка.

- Advertisement -

Клучните наоди упатуваат на тоа дека миту една влада ја нема во целост усогласено својата законска рамка со Директивата на ЕУ за рамнотежа помеѓу работата и животот. Постојат различни отворени прашања поврзани со правата за отсуство, особено родителско, татковско и отсуство за негуватели.

Исто така, иако се чини дека свеста дека родово-базираната дискриминација е незаконска е малку подобрена, многу луѓе сè уште не знаат каде и како да ја пријават.

- Advertisement -

Наодите покажуваат дека родово-базираната дискриминација поврзана со трудот е сè уште широко распространета во Западен Балкан, вклучително и при вработување, унапредување, плата, договори за вработување, права поврзани со бременост и породилно отсуство, татковско отсуство и сексуално вознемирување на работа.

ЛГБТКИ+ лицата, жените со попреченост и жените од малцинските етнички групи пријавуваат дека се соочуваат со повеќекратна, меѓусекторска дискриминација, додека малку луѓе пријавуваат родово-базирана дискриминација затоа што не се доволно информирани каде да пријават, имаат недоверба во институциите, страв од стигматизација, страв од губење на работа или друга виктимизација и бавна, често скапа правда, покажува ова истражување.

- Advertisement -

Според извештајот, институциите на Западен Балкан (ЗБ) не прибираат соодветни родово разделени податоци за пријавени случаи на родово-базирана дискриминација поврзана со трудот.

Некои од клучните препораки во истражувањето наменети за ЕУ се: имплементација на институционални реформи за справување со родовата дискриминација на пазарот на труд како услов за процесот на пристапување во ЕУ на земјите, но и следење на реформите користејќи стандардизиран пристап, преку извештаи за земјата.

За одговорните институции во секоја од земјите, истражувањето бара да се усогласи националното законодавство со Директивата на ЕУ за рамнотежа помеѓу работата и животот, да се подобри собирањето на податоци, осигурувајќи дека сите податоци се
расчленети по пол на жртва(и), наводен сторител(и), локација и форма на
дискриминација, но и да има редовно објавување на податоците.

„Континуираната работа на граѓанските организации за правата на жените кои стојат зад ова регионално истражување придонесува за политички интервенции засновани на докази и обезбедува корисни препораки за справување со родовата дискриминација во ЗБ, од страна на владите, граѓанското општество, бизнисите и ЕУ“, рече во своето воведно обраќање, Олга Мартин Гонзалес, координаторка за родова еднаквост во Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската Комисија.

Тања Мишчевиќ, заменик генерален секретар за Европски ЗБ при Регионалниот совет за соработка (RCC) и честиташе на Коалицијата за извештајот. Таа рече дека извештајот е „исклучително важен документ“ бидејќи „ќе помогне да се креираат нови политики за сите шест економии во Западен Балкан“.

(Meta.mk)

Сподели!
- Advertisement -