Играњето видеоигри има неочекувани позитивни ефекти врз интелигенцијата на децата

- Advertisement -

Истражувачи го поврзаа играњето видеоигри подолг период со зголемена интелигенција кај децата, што е спротивно на мислењето дека играњето видеоигри е лошо за младите умови.

Иако разликата во когнитивните способности била мала и не е доволна да покаже причинско-последична врска, доволна е за да биде забележителна, а студијата внимателно ги зела предвид и разликите во генетиката и социоекономската позадина на децата.

- Advertisement -

Истовремено, гледањето телевизија и користењето на социјалните мрежи немало позитивни ниту негативни ефекти врз интелигенцијата. Истражувањето треба да биде корисно за расправата колку време поминато пред екран е соодветно за младите.

„Дигиталните медиуми го дефинираат модерното детство, но неговите когнитивни ефекти се нејасни и за нив жестоко се расправа. Веруваме дека студиите со генетски податоци може да ги разјаснат различните тврдења и да ја дообјаснат улогата на генетските предиспозиции“ велат научнциите во студијата објавена во списанието Ѕcientific Reports.

- Advertisement -

Во истражувањето учествуваке околу 10.000 американски деца на возраст од 9 и 10 години. Во просек, децата поминувале по 2,5 часа дневно во гледање ТВ или оналјн видеа, 1 час во играње игри, а половина час се дружеле преку итнерент.

Истражувачите две години подоцна ги провериле податоците за повеќе од 5.000 од тие деца. Се покажало дека тие кои поминуваат повеќе од просечно време во играње видеоигри имаат за 2,5 бода поголем раст на интелигенцијата над просекот. Покачувањето на коефициентот на интелигенција кај тие деца се базира на успешноста на децата на задачи кои вклучуваат читање со разбирање, визуелно-просторна обработка и задачи со памтење, флексибилно размислување и самоконтрола.

- Advertisement -

Иако студијата анализирала само деца од САД и не направила разлика меѓу рљазлични типови видеоигри, ова е битен увид во играњето игри и коефициентот на интелигенција и ја поддржува идејата дека интелигенцијата не ефиксна константа со којашто сме родени.

(Bug.hr)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -