Ново истражување: луѓето кои умерено пијат кафе имаат многу помали шанси да умрат од тие што не пијат

- Advertisement -


Дека кафето има позитивно влијание не само врз расположението, туку и врз здравјето знаеме веќе одамна. Но, научниците и понатаму откриваат нови интересни факти за кафето.

Најновата студија откри дека луѓето кои пијат умерена количина (1,5-3,5 филџани дневно) незасладено кафе или кафе засладено со шеќер имаат многу мали шанси да умрат во наредните 7 години во споредба со луѓето кои не пијат кафе. Истражувањето е објавено во научното списание Annals of Internal Medicine.

- Advertisement -

Претходните студии кои ги анализирале ефектите на кафето врз здравјето открија дека консумацијата на кафе е поврзана со помал ризик од смрт, но не направија разлика меѓу незасладеното кафе и кафето со шеќер или вештачки засладувачи.

Кинеските научници од Јужниот медицински универзитет во Гуангжу користеле податоци од прашалници за здравственото однесување, истражувања од UK Biobank, за да ја проценат врската меѓу консумирањето кафе со шеќер, со вештачки засладувачи и незасладено кафе и смртноста од генерални и специфични причини.

- Advertisement -

Повеќе од 171.000 испитаници од Обединетото Кралство без познати срцеви заболувања или канцер одговарале на неколку прашања за изхраната и здравјето за да се утврдат навиките на коснумирање кафе. Авторите на студијата откриле дека во текот на 7 години следење луѓето кои пиеле незасладено кафе имале 16%-21% помал ризик да умрат во споредба со испитаниците кои не пиеле кафе. Исто така, испитаниците кои пиеле 1,5-3,5 филџани кафе на ден имале 29%-31% помали шанси да умрат во споредба со учесниците кои не пиеле кафе.

(Eurek Alert)

- Advertisement -

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -