Калифорнија дозволи јавно користење на такси-роботи

- Advertisement -

Ако сакате да испробате како изгледа да се возите во такси без возач, а немате трпение да ги чекате роботските такси на Мате Римац во соседството, можете да појдете во Сан Франциско, Калифорнија.

Регулаторот на јавниот превоз во Калифорнија (California Public Utilities Commission) ја издаде првата дозвола за користење целосно автономни такси Poppy на компанијата Cruise на јавните патишта во Сан Франциско. Флотата од 30 возила на почеток ќе превезува патници без квалификуван возач зад воланот.

- Advertisement -

Но, постојат некои ограничувања. Како прво, роботските такси на Cruise ќе смеат да возат исклучиво по патиштата одобрени од страна на калифорнискиот регулатор, а роботските такси нема да смеат да возат патници со брзина поголема од 48,28 км/ч, што значи дека ќе се возите со брзина на мопед.

Тоа значи и дека нема да се возите по автопат, но Cruise во блиска иднина сака да добие и дозвола за возење по други патишта.

- Advertisement -

„Во текот на идните месеци ќе ја прошириме нашата оперативна мрежа и нашето работно време, се додека на нашите граѓани не им овозможиме возење без возач 24 часа дневно по целиот град“ велат од Cruise.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: Cruise)

Сподели!
- Advertisement -