Сите што подобро се запознаени со биткоин и пазарот на криптовалути знаат дека има периодични големи осцилации во цените, а моментално криптовалутите се најголеми губитници. Биткој сега се тргува по цена од околу 30.000 долари, а во ноември минатата година цената му беше и повеќе од дупла – 64.000 долари.
За да предвидат какво е расположението на инвеститорите на пазарот финансиските експерти редовно го следат т.н. индекс на страв и алчност, кој кога се работи за криптовалутите последните денови се движи од 8 до 13 во однос на максималните и оптимистични 100. Само еднаш во историјата е забележана помала вредност на индексот (5), во август 2019 година кога биткоин се бореше со цена од 10.000 долари.
Бидејќи загубите растат државите се обидуваат да го регулираат тој пазар, па деновиве и најмоќните индустриски држави од Г7 се изјаснија дека сакаат брза и сеопфатна корегулација на пазарот на криптовалути. На ниво на ЕУ се подготвува посебна регулатива која на сеопфатен начин ќе го регулира пазарот на криптовалути.
(Index.hr)
(фото: Robotcis Automation News)