Јапонски научници направија кожа за роботи од човечки клетки

- Advertisement -

Роботите во иднина се повеќе ќе изгледаат како луѓето затоа што јапонски научници успеаја да направат кожа за механички тела направена од човечки клетки. Иако изгледа малку лигава,таквата кожа е водоотпорна, може да се обновува како човечката и има текстура како човечката.

Експертите успешно обложиле роботски прст со прототипот од кожата одгледана во лабораторија. Научниците и претходно се обидуваа да направат кожа за роботи, но наидоа на повеќе рпоблеми. Затоа јапонските експерти пробале друг пристап – создавање кожа која самата се обликува.

- Advertisement -

„Тешко е да се сече, да се залепи или за се зашие еквивалент на кожа без оштетување на мекото, кревко ткиво. Наместо тоа, ја замотавме роботската структура во течност од колаген и клетки од дермален фибропласт” објаснуваат јапонските научници.

Потоа тој основен слој го обложиле со епидермални клетки, главна компонента на надворешниот слој на кожата. Без тој дополнителен слој ткивото не би било водоотпорно.

- Advertisement -

Иако материјало може да поднесе повторно растегнување и движење на роботските прсти, сепак е многу послав од човечката кожа. Научниците веруваат дека тоа може да го поправат со поголема концентрација на колаген во почетната течност и подолго созревање на клетките.

(N1)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -