Илон Маск откри во што се крие најголемата вредност на компанијата Tesla

- Advertisement -

На гостување на каналот на YouTube, Тesla Owners Silicon Valley, Илон Маск зборуваше за вредноста на Teslа и најбитните работи за компанијата во иднина. А според него, најбитно е целосно автономното возење.

Тоа е од најголема важност. Тоа е битната разлика меѓу Teslа која вреди многу пари и Teslа чија вредност е во основа нула, откри Маск и додаде дека во тоа лежи и финансиската иднина на компанијата.

- Advertisement -

Исто така, зборуваше и за заработката на пазарот за автомобили, која, како што му објаснил еден инвеститор, повеќе воопшто не лежи во продажбата на самите возила, туку автомобилските компании денес заработуваат првенствено од продажба на делови за постојните флоти автомобили. Животниот век на автомобилите е околу 20 години, при што гаранцијата трае околу 4 години, но многу работи не се покриени со осигурување.

Таквата ситуација е проблем за новите производители како Teslа затоа што тие своите возила мора да ги продаваат по повисока цена од конкурентите. За да бидат успешни во тоамора да направат добри и уверливи производи за купувачите да сакаат да платат целосна цена. Она што Teslа ја разликува од конкуренцијата и поради што купувачите се спремни да ги испразнат џебовите за автомобилите на Маск се електричните мотори и потенцијалот за автономно возење.

- Advertisement -

„Тоа е единствениот начин. Мора да победите со автономијата и мора да победите со електрификација“ вели Маск.

(Business Insider)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -