Помала продуктивност, мачнини и мигрена се последиците од работењето во виртуелна реалност

- Advertisement -

Пандемијата на корона вирусот влијаеше за целосна промена на начинот на работа затоа што многу работодавци и вработени видоа дека работата може еднакво ефикасно да се врши и од дома. Марк Цукерберг е уверен дека иднината ни носи уште една револуција, а тоа е работа во виртуелна реалност.

Но, пред неговата идеја за мета универзум, односно виртуелно место каде што луѓето ќе живеат, ќе се забавуваат и ќе работат се наоѓаат мнгоу проблеми и предизвици.

- Advertisement -

Што се однесува на работата во виртуелна реалност, барем засега, најдобро е да ја избегнеме. Барем таков е заклучокот од едно истражување кое го направи еден тим составен од научници од неколку универзитети (Кобург, Кембриџ, Приморска) во соработка со истражувачи од Microsoft. Тие го направија досега најголемиот експеримент со работа во виртуелна реалност и резултатите се разочарувачки и обесхрабрувачки.

Имено, испитаниците поминале една работна недела во времетраење од 40 часа во виртуелна реалност, за што го користеле Meta Quest 2, најглавниот VR уред на Meta и тастатур на Logitech. Денес постојат некои уреди кои се подобри од Questa, но со ова истражување научниците сакале да создадат виртуелни работни услови кои се достапни денес, а не кои се идеални.

- Advertisement -

Истражувањето покажало дека во виртуелна реалност оптовареноста со работа е поголема за 35%, вработените биле 42% пофрустрирани, 11% од нив имале проблеми со анксиозност, додека кај речиси 50% од вработените е забелеажно поголемо напрегање на очите. Исто така, намалена е и продуктивноста за 16%, а добросостојбата за 20%. Двајца од учесниците уште првиот ден ја напуштиле студијата.

Иако некои од овие негативни фактори со тек на време, односно со подолга работа во виртуелна реалност се намалиле, сепак вкупниот резултат покажува дека оценките за работата во мета универзум се значително негативни.

- Advertisement -

(PX World)

(фото: Pxfuel)

Сподели!
- Advertisement -