Џиновска раја риба, тешка дури 300 килограми, беше уловена во реката Меконг во Камбоџа и тоа е најголемата слатководна риба пронајдена досега, тврдат научниците, а пренесува BBC.
Претходниот рекордер беше џиновски сом тежок 293 кг, уловен во истата река во Тајланд во 2005 година. Не постои официјална евиденција или база на податоци за најголемите слатководни риби. Меконг е река богата со биоразновидност, но прекумерниот риболов, браните и загадувањето го загрожуваат кревкиот речен екосистем.
Оваа река извира на Тибетската висорамнина и тече низ Кина, Мјанмар, Тајланд, Лаос, Камбоџа и Виетнам. Во 20 години истражување џиновски риби во реките и езерата на шест континенти ова е најголемата слатководна риба која ја сретнале и која е документирана каде било во светот.
Пронаоѓањето на толку голема џиновска раја е доказ дека природата секогаш може да донесе нови и извонредни откритија и дека многу од најголемите водени суштества и понатаму се недоволно проучувани.
(Zimo)
(фото: Flickr)