Главниот град на Австрија, Виена, му ја презеде титулата на новозленадскиот град Окланд и повторно се врати на лидерската позиција како град со најдобри услови за живот во светот, се вели во годишниот извештај на Eсonomist.
Годишната ранг листа со градови со најдобри услови за живот во светот ја објави Economist Intelligence Unit, a Глобалниот индекс на услови за живот за 2022 година покажува некои значајни разлики во однос на претходната година.
Economist Intelligence Unit, која е сестринска организација на магазинот Eсonomist, рангираше 173 градови ширум светот на основа на различни фактори, вклучувајќи и здравствена заштита, стапка на криминал, политичка стабилност, инфраструктура и пристап до зелени површини.
Во тукушто објавениот извештај, Виена, која на нивната ранг листа на почетокот на 2021 година падна на 12. место затоа што музеите и растораните во текот на пандемијата на корона вирусот беа затворени, повторно се врати на прво место, на позицијата која ја имал во 2018 и 2019 година.
„Стабилноста и добрата инфраструктура се главните фактори за привлечност на градовите кај жителите, покрај добрата здравствена заштита и мноштвото можности за култура и забава“ се вели во извештајот.
Мелбурн го задржа своето место меѓу првите десет најпожелни градови за живот во светот, но други австралиски градови кои беа меѓу првите десет, како што се Бризбејн, Аделаида и Перт, паднаа на 27, 30 и 32. место.
Главниот град на Украина, Киев, годинава не е вклучен во извештајот поради оружените судири со Русија од крајот на февруари, додека руските градови Москва и Санкт Петерсбург паднаа подолу на ранг-листата за 15, односно 13 места поради цензурата и западните санкции.
После австралиската престолнина следува Копенхаген и Цирих. Женева е на шесто место, Франкфурт е на седмо, а Амстердам е на деветто место. Канадски Калгари е на трето место, Ванкувер е на петто, а Торонто е на осмо место. Осака и Мелбурн го делат десетото место. Париз е на 19. место, Брисел е на 24. место. Лондон е на 33. место, Барселона е на 35., а Мадрид на 43. место. Милано е на 49. место, Њујорк на 51., а Пекинг на 71. место.
Вкупниот индекс се заснова на следните категории:
– достапност на роба за широка потрошувачка;
– економска средина;
– услови за домување;
– медицинска и здравствена заштита;
– квалитет на животна средина;
– политичка и општествена средина;
– јавни услуги и транспорт;
– рекреација;
– училишта и образование;
– општествено-културна средина.
(Bizlife)
(фото: Wikimedia)