Најомразените луѓе во спортот не се противничките играчи или навивачите, туку судиите. Делителите на оравдата во спортот често се наоѓаат на удар на сите критики, а некогаш се дури и жртви на насилство. Но, изгледа дека на спортските терени во иднина одлуките ќе се носат со помош на вештачка интелигенција.
Сега веќе се користи VAR за проверка на одделни нејасни ситуации, но и судските одлуки наскоро може да се најдат во рацете на роботи. Имено, американската бејбол лига MLB планира за две години отсега да воведе робот судија, кој треба да носи одлуки на самиот терен. Како што откриваат за ESPN, во сезоната 2024 се планира воведување на т.н. automated ball-strike system, автоматизиран систем.
Моментално се работи на развојот на две верзии од автоматизираниот систем. Едната е целосно автоматизирана и во неа вештачката интелигенција проценува дали топката е добро фрлена или не и таа информација ја пренесува на судијата.
Оваа технологија веќе се тестира во некои пониски бејзбол лиги и се покажала прилично добра. Системот кој го разви компанијата TrackMan прилично е едноставен и од судијата бара само во задниот џеб да стави iPhone и да стави слушалка во уво, а системот му сигнализира дали топката e добро исфрлена после секое фрлање. Целта е тој систем да се доведе во главна улога, односно судиите да носат брзи и точни одлуки.
Другата верзија е послична на VAR во фудбалот, каде што секој тим би добил одреден број на можни проверки на спорните ситуации, кои потоа судиите би ги проверувале со систем од камери и вештачка интелигенција.
(The Verge)
(фото: Rawpixel)