Кина успешно ја тестираше својата технологија за чистење вселенски отпад

- Advertisement -

Знаете ли дека до денес околу 8950 сателити се лансирани во орбитата? Според последните проценки, околу 5.000 од тие сателити останале во орбитата иако им поминал рокот за употреба и повеќе немаат никаква функција. Се проценува дека околу 1.950 такви сателити се дел од илјадници отпадни парчиња, кои заедно се нарекуваат вселенски отпад.

Тој отпад е голем проблем затоа што моментално не постои безбеден начин да се отстрани од вселенста. Поточно, немаше таков начин до денес. Денес Шангајската академија за вселенска технологија успешно го тестираше својот најнов изум и ја залови старата ракета Long March 2 rocket. Ова е прв пат да се направи таков експеримент со цела ракета.

- Advertisement -

Нивниот изум личи на чиновски летачки змеј со мембрана од 25 квадратни метри кога целосно ќе се отвори. Исто така, тенка е колку 1/10 од дијаметарот на човењчкото влакно, но тоа не и ја намалува силата и може да влече атмосферски отпад од 300 кг, колку што тежи првата фаза од ракетата.

Оваа технологија е евтино и комплетирано решение кое може да се користи на кој било отпад во ниската орбита на Земјата. Бидејќи е флексибилна и лесна, може да се спакува во мал пакет и да се постави на вселенското летало пред полетување.

- Advertisement -

Кога ќе се приближи до отпадот, автоматски се одвиткува и го повлекува во атмосферата, каде што ќе се распадне. Ова е многу побрза опција отколку да се остави одпатот природно да се распадне, за што би биле потребни години или децении.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -