Јапонски научници тврдат – ако сакаме да живееме на Марс, мора прво да напрaвиме вештачка гравитација

- Advertisement -

Ако сакаме да живееме на други планети, како на Месечината или на Марс, научнциите тврдат дека мора први да развиеме систем за вештачка гравитација. Затоа научници од Универзитетот Кјото почнаа да го решаваат тој проблем и во соработка со компанијата Kajima Corporation направија модел на потенцијални бази на Месчеината со вештачка гравитација. Моделот беше претставен на конференција минатата недела, а личи на еден вид стаклена утопија.

Како што појаснуваат, нивниот модел се базира на мрежи од вештачка гравитација. Моделот би се вртел околу својата оска, а благодарение на центрифугалната сила би создавал гравитација каква што имаме на Земјата.

- Advertisement -

Моделот се вика The Glass (Стакло) и треба да биде висок околу 400 метри со радиус околу 100 метри, а околу својата оска ќе се врти со брзина од 20 секунди по ротација. Како што објаснуваат научниците, така би се создавала гравитација како таа на Земјата во точката каде што радиусот е најголем.

Според визуализацијата која ја претставија, покрај човечката населба, ќе има и птици и билки, кои ќе живеат внатре, а целата структура ќе може да плови по езеро или река.

- Advertisement -

Јапонците тврдат дека мора да се развие ваков модел во реалноста затоа што уште не ги познаваме сите ефекти кои ги има врз човечкото тело животот во ниска или висока гравитација. Но, добро е познато дека астронаутите кои подолог време престојуваат во вселената губат мускулна и коскена маса.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -