Произведен минијатурен дел од срце кој работи како вистинско срце

- Advertisement -

Иако истражувањата на кардиоваскуларните болести последните децении се унапредени, срцевите проблеми се уште годишно одземаат речиси 18 милиони животи во светот.

Минијатурните работни модели на човечки клетки може да отворат нови патишта во развојот на нови лекови и терапии за проучување на развојот на кардиоваксуларните заболувања и на научнциите да им дадат етичка и попрецизна алтернатива за постојните пристапи во развојот на лекови и терапии.

- Advertisement -

Научници од Универзитетот Торонто и Универзитетот Монтреал во Канада со обратен инженеринг направија парче од срцево ткиво со должина од 1 мм, кој не само што чука како вистинско срце, туку и пумпа течност како мускулните излезни комори на срцето на ембрион.

„Со нашиот модел можеме да мериме колку течност се истиснува секој пат кога ќе се стегне комората, како и притисокот на течноста. Тоа беше речиси невозможно да се направи со претходните модели„ велат од Универзитетот Торонто.

- Advertisement -

Обично постојат само неколку опции за проучување на начинот на кој болното или здравото срце пумпаат крв. Оргганите кои повеќе не се целосно функционални, како тие што се отстранети со обдукција, им помагаат на научниците за постигнат автентичност на вештачките, но ја немаат биохемиската функционалност и не ја диловоуваат целосно хидрауликата на тридимензионалната пулсирачка маса. Животинскиот модел, пак, овозможува истражувачите да тестираат како функционира живото срце и како пумпа под влијание на новоразвиените третмани, но не е секогаш етички најдобрата опција.

(Science Alert)

- Advertisement -

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -