Конференцијата AllWeb во ново руво ја одбележува десеттата година од постоењето

- Advertisement -

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници кои го олеснуваат животот и особено работата. Бизнис трансофмацијата се забрза, предизвикувајќи големи промени во очекувањата на корисниците. Колку и како бизнисите одговараат на потребите на клиентите? Како новите бизнис модели им помагаат на компаниите да растат? Како влијаат промените во заштита на приватноста во маркетинг стратегиите и тактиките? Кои се новите (дигитални) сфери на кои мора да имаме фокус?  Ова се дел од прашањата на кои ќе понудат одговори, искуства и размислувања експертите во полето на дигиталниот маркетинг и бизнис трансфорамација, на најновото, надградено издание на единствената дигитална конференција кај нас, AllWeb.

На 29 и 30 септември, десет години по организирањето на првата конференција, во потполно ново руво и на нова локација, Ресорт Маврово, дигиталните мештани, номади и сите останати вљубеници и почитувачи ќе имаат можност да бидат дел од новото пост-пандемско издание на AllWeb. 

- Advertisement -

„Последниве години ни покажаа дека дигиталниот маркетинг, дигитализацијата и бизнис трансформацијата оправдано беа наши водилки во минатото. За компаниите повеќе нема друга иднина освен онаа која наложува комплетна интеграција на најновите технологии, комуникациски канали и менаџмент за ова ново време во кое чекориме храбро и кон метаверзумот“- вели Дарко Булдиоски, директор на програмата на AllWeb и додава „охрабрени од позитивните промени, решивме оваа година да понудиме ново искуство. Надградбата на нашата долгогодишна визија подразбира поинтензивно искуство, повеќе време за вмрежување, забава и секако повеќе можност за споделување на знаење“.

Овогодинешната конференција има сменет формат – два дена програма која вклучува четири различни сегменти на официјален и неофицијален дел. Покрај одличните говорници тука е и можноста за уживање во природата, а Ресорт Маврово ќе овозможи и специјална пакет понуда за сместување за учесниците на AllWeb.

- Advertisement -

За да ги задоволат потребите на својата верна публика, организаторите од денеска во продажба ќе пуштат ограничен број билети по супер ниска цена. Понудата ќе важи до 10 август, а сите информации за содржината на конференцијата и говорниците редовно ќе се дополнуваат на allweb.mk, каде што можат да се набават и влезниците за настанот.

Сподели!
- Advertisement -