- Advertisement -
Организација за образование, наука и култура на Обединетите Нации (УНЕСКО) го избра Стразбур за Светска престолнина на книгата за 2024 година. Ова е првпат еден француски град да ја добие оваа титула која започна да се доделува од 2001 година.
Градовите кои се избрани како Светска престолнина на книгата на УНЕСКО прифаќаат да ги промовираат книгите и читањето за сите возрасти и категории граѓани во своите граници и надвор од нив, како и да организираат програма со активности во текот на годината.
- Advertisement -
Стразбур е 24-ти град кој е прогласен за Светска престолнина на книгата од 2001 година. Оваа година Светска престолнина на книгата е мексиканскиот град Гвадалахара, а следната 2023 е главниот град на Гана, Акра.
- Advertisement -