Нови сензори детектираат Алцхајмерова болест 17 години порано

- Advertisement -

Раната детекција е клучна за третирање на Алцхајмеровата болест, но тоа не е секогаш возможно. Сега истражувачки тим од Универзитетот Бохум разви нови сензори кои можат да идентификуваат знаци на Алцхајмерова болест во крвта дури 17 години пред да се појават првите клинички симптоми. Уредот детектира погрешна форма на протеинскиот биомаркер амилоид-бета, кој предизвикува карактеристично наталожување во мозокот.

„Нашата цел е да се утврди ризикот од развој на деменција поради Алцхајмерова болест во подоцна стаза со едноставен тест на крвта пред да се формираат токсични наслаги во мозокот, со цел да се утврди која треапија да се даде навреме“ вели професорот Клаус Герверт, директор на Центарот за протеинска дијагностика на Универзитетот Бохум.

- Advertisement -

Неговиот тик ги здружил силите со група од научници во Германскиот истражувачки центар за канцер, предводен од професорот Херман Бренер. Истражувачите анализирале крвна плазма од учесниците земена помеѓу 2000 и 2002 година и потоа замрзната. Во тој период учесниците уште немале дијагноза на Алцхајмерова болест.

Научниците потоа избрале 68 учесници кај кои во текот на наредните 17 години била откриена болеста и ги споредиле со 240 контролни субјекти без дијагноза. Тие сакале да откријат дали знаците на Алцхајмеровата болест може да се откријат во приероците од крв на почетокот на студијата.

- Advertisement -

Откриле дека концентрацијата на глијскиот влакнест кисел протеин (GFAP) може да ја индицира болеста дури 17 години пред да се појават клиничките симптоми. Истражувачите потоа ги комбинирале наодите за амилоид-бета маркерот и концентрацијата на GFAP за порецизни резултати на тестовите во фаза од болеста кога нема никакви симптоми.

Сега тимот има амбициозни планови за својот нов уред. Уредот веќе е патентиран во целиот свет и истражувачите веруваат дека важноста на нивното откритие само ќе се зголемува со тек на време и со понатамошните медицински напредоци.

- Advertisement -

Резултатите од студијата се објавени во весникот Alzheimer’s Association.

(Interesting Engineering)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -