Швајцарска суперлабораторија има за цел да ги стопира сите идни пандемии

- Advertisement -

Лабораторијата Шпиз, позната по својата работа на хемиски, биолошки и нуклеарни закани од Втората светска војна, минатата година доби задача од Светската здравствена организација да бидат први во глобалната мрежа од лаборатории кои ќе складираат и ќе споделуваат информации за новооткриени микроорганизми кои би можеле да предизвикаат идна пандемија.

Програмата на СЗО, BioHub делумно е резултат на фрустрациите поради препреките со кои се соочиле истражувачите во добивањето примероци од вирусот САРС-Ков-2 откога прв пат беше откриен во Кина. Но, нешто од една година подоцна научниците кои учествувале во овие напори наишле на препреки. Тоа вклучува осигурување на гаранциите потребни за прифаќање на примероците од корона вирусот од неколку земји, што е првата фаза од проектот.

- Advertisement -

Некои од најголемите светски земји можеби нема да соработуваат, а уште не постои механизам за споделување примероци за развој на вакцини, лекување или тестови без нарушување на интелектуалната сопственост.

СЗО и швајцарската влада го финансираат буџетот на проектот со 600.000 пвајцарски франци годишно за првата фаза. Луксембург е првата земја која со BioHub споделила примероци од новите варијанти на корона вирусот а потоа следуваа Јужна Африка и Велика Британија. Луксембург испрати алфа, бета, гама и делта варијанти, а последните две земји споделија примероци од омикрон, обајви СЗО.

- Advertisement -

И додека постојат земји кои испратиле примероци, има земји кои веројатно никогаш нема да го направат тоа, како што се Кина, Индонезија или Бразил.

Не постои некој меѓународен протокол за тоа кој треба да потпише обрасци за сигурносните податци и договорите за користење на примероците од вируси, но швацарските експерти сметаат дека таквиот начин на размислување за вонредните ситуации мора да се смени после пандемијата на корона вирусот.

- Advertisement -

Ако ситуацијата навистина е вонредна, СЗО треба да добие авион за транспорт на вирусот до научниците, велат научниците од BioHub.

(Zimo)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -