Во здравствеиот центар Монтефиоре во Њујорк хирурзи успешно ја извршија првата трансплантација на срце меѓу ХИВ позитивни пациенти, а новото срце го доби жена на шеесетина години.
Во текот на трансплантацијата на срце симултано е направена и трансплантација на бубрег, а операцијата траела околу четири часа. Монтефиоре е еден од 25 центри во САД кои имаат можност за вршење на таква сложена операција. Болницата е позната по иновативните и водечки методи како трансплантација на срце од починат донор.
„Целта на тимот за трансплатнација на срце е постојано да напредува и да поставува нови стандарди, така што секој може да има корист од оваа процедура која спасува живот“ вели хирургот Даниел Голдстајн.
Американскиот закон им овозможува на луѓето кои живеат со ХИВ да донираат свои органи на ХИВ позитивни луѓе, а е на сила од 2013 година. Меѓутоа, биле потребни речиси десет години за оваа прилика да стане реалност.
Новата процедура би можела да отвори врата за бројни пациенти, а само во САД има од 60.000 до 100.000 пациенти на кои им е потребно ново срце. Меѓутоа, во текот на 2021 година биле направени 3.800 такви операции.
(Klix.ba)
(фото: Pxhere)